СДСМ: Криминалните пресметки во Скопје тема и во регионалните медиуми, неспособноста на Тошковски далеку се слуша

Макфакс

15/11/2024

09:43

132

Големина на фонт

а а а

Според СДСМ, криминалните пресметки во Скопје станаа регионална тема, за настанот со фрлената бомба во Керамидница информации објавуваат српските и хрватските медиуми.

„Негативните вести за криминалните банди во Македонија и за неспособноста на Тошковски далеку одекнаа и надалеку се слушаат.


Загрижува нарушената безбедност на граѓаните откако Тошковски е на чело на МВР.

Како да сме Див Запад, крвавите пресметки на криминалните банди станаа секојдневие на улиците. Над 25 инциденти со огнено оружје се случија, криминалното подземје не се плаши од Тошковски туку смета токму на неговата неспособност.

Иако нападот со бомба во Керамидница бил најавен на Тик Ток уште на 30 септември, МВР на Тошковски не презело ништо за да превенира и да го спречи и дозволи да се загрози безбедноста и сигурноста на граѓаните“, нагласуваат од оваа партија.

Тошковски, додаваат од СДСМ, нема капацитет да ги заштити граѓаните, станува збор за најнеспособниот министер за внатрешни работи досега.



Спонзорирани линкови

Маркетинг