Палмер откри со кои шест збора се одјавил од Ватсап групата на Сити

Дерби

14/11/2024

09:05

1.010

Големина на фонт

а а а

Кол Палмер прерасна во голема англиска ѕвезда откако направи трансфер од Манчестер Сити во Челси, операција кој никој не можеше да претпостави дека ќе заврши толку добро за клубот од Лондон.

Челси потроши многу повеќе пари за ѕвезди како Енцо Фернандез, Моизес Каиседо, Михаило Мудрик и Весли Фофана, но ниту еден од нив не може да се доближи до перформансите кои ги прикажува Палмер, кој сосема заслужено се претвори во главна ѕвезда на тимот.


Ваквиот расплет донесе и одредени нејаснотии поради начинот на кој Пеп Гвардиола се ослободи од талентираниот фудбалер, но како што вели Кол, заминувањето од „Итихад“ не било воопшто тешко и стресно за него.

– Не бев јас тој кој одлучуваше за продажбата, јас сакав само да добијам шанса на позајмица. Кога не играте фудбал, ви станува досадно, особено кога гледате како други млади играчи добиваат шанса за игра.

– Се сеќавам на последните моменти, ниту јас не знаев во кој правец течат преговорите. Излегуваа многу шпекулации, им поставував прашања и на вработените во клубот. На крајот, преговорите се оддолжија, па кога си заминував од клубот, немаше никој од соиграчите. Си ги собрав работите и испратив само кратка порака во Ватсап грипата: Ви благодарам за се, си одам! Тоа беше се, – открива Палмер.