[ФОТО] Американската артистка на претставувањето на календарот на „Pirelli“ пристигна завиткана во пластична фолија

Точка

13/11/2024

10:23

2.945

Големина на фонт

а а а

Американската артистка Мартине Гутиерез претставувањето на календарот на „Pirelli“ за 2025 година одлучи да дојде завиткана во пластична фолија, под која носеше само гаќички.

На свечениот настан во Природонаучниот музеј во Лондон, таа пристигна во друштво на пејачката и актерка Елоди Ди Патризи, стилистката Тона Гудман, актерот и продуцент Џон Бојега и фотографот Итан Џејмс Грин.


За оваа прилика Гутиерез реши да „облече“ пластична фолија под која носеше само црни гаќички, а стајлингот го комплетираше со црни потпетици.

Изданието на календарот на „Pirelli“ (италијанскиот производител на гуми) за 2025 година го носи називот „Refresh and Reveal“, а моделите ги фотографираше американскиот фотограф и поранешен модел Итан Џејмс Грин.

Ова, 51-то издание на легендарниот календар е снимено во „Virginia Key Beach Park“ и во студио помеѓу мај и јуни оваа година, а пот тој повод позираа актери, пејачи, уметници и манекени.

Календарот се состои од 24 фотографии, од кои половина се во црно-бел формат, на кои се прикажани 12 лица.


Меѓу ѕвездите се американската актерка Хантер Шафер, индиско-американската ТВ водителка Падма Лакшми, актерот Винсент Касел, италијанската артистка Елоди, јужнокорејската актерка Хојеон, американската артистка Мартине Гутиерез, американската илустраторка Кони Флеминг, американската манекенка Џени Шимизу, британскиот актер Џон Бојега и британските актерки Симон Ешли и Џоди Тарнер-Смит.

„Нашата идеја за убавина се прошири многу во однос на минатото. Бев возбуден што ја истражував убавината и што ќе можам да ја претставам во контекст како што е календарот на „Pirelli“, кој отсекогаш ја славел. Концептот го нарековме „Refresh and Reveal“ затоа што им се враќаме на изворите на календарот и го славиме телото на нови начини кои го одразуваат сегашниот момент“, рече фотографот Грин.

Поранешната моден уредничка на „Vogue“, Тон Гудман, која е одбрана за моден директор и креативен консултант за календарот на „Pirelli“ за 2025 година, го нарече снимањето „апсолутно неверојатно“.