[ФОТО] Смог видлив од Вселената: Погледнете како изгледа животот во токсичен облак, само најхрабрите излегуваат без маска на лицето

Точка

13/11/2024

16:32

1.553

Големина на фонт

а а а

Рекордните нивоа на густ, токсичен смог кој се надви над Источен Пакистан и Северна Индија се толку високи што може да се видат од Вселената.

Огромен облак од сив смог ја покрива пакистанската провинција Пенџаб и се протега на исток до Индија, над главниот град Њу Делхи и пошироко, покажуваат сателитски снимки на НАСА ворлдвју.


Загадувањето ги принуди властите во Пакистан да ги затворат училиштата и јавните места бидејќи токсичниот смог го загрозува здравјето на десетици милиони луѓе.








Сликите од пакистанските градови Лахоре и Мултан од овој викенд покажуваат темна магла што ги голта улиците, а зградите ги прави невидливи.











Загадувањето во регионот расте секоја зима, кога застрашувачка жолта магла го покрива небото поради комбинација на палењето на земјоделскиот отпад, електраните на јаглен, сообраќајот и бројните денови без ветер.