Во скопското село Брњарци се изврши претрес при кој беше пронајдена и одземена дрога, оружје и муниција, а двајца лица се уапсени од страна на полицијата. Истражните органи продолжуваат со документирање на случаите и поднесување пријави.
Ноќеска во 00:20 часот во село Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 34-годишниот Д.Ц. од село Брњарци, скопско.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Вчера вечер во 23:45 часот во село Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 38-годишниот И.Б. од Скопје.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени пиштол, 23 куршуми, 20 ловечки патрони, една ќеса со барут, три конзерви со сачми, три конзерви со материјал за полнење на ловечки патрони, една кутија со каписли и алатки за изработка и полнење на патрони.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.








