Рубен Аморим, новиот тренер на Манчестер Јунајтед пристигна во тренинг центарот Карингтон каде се сретна со стручниот штаб на клубот.
Португалецот околу 15 часот пристигна на аеродромот во Манчестер со група свои соработници, кои ги поведе со себе во новиот клуб.
Неговото возило додека се обидуваше да се скрие од камерите, до тренинг центарот го следеше колона полициски возила.
Rúben Amorim has landed in Manchester Airport.
— Abraham Ong'uti (@AbrahaMaosa) November 11, 2024
He has then received a Police escort to Carrington. pic.twitter.com/tIcX5T3ey3
Тој најави дека во текот на денот ќе разговара со вршителот на должноста, Руд ван Нистелрој, а потоа ќе соопшти каква е иднината на холандскиот стручњак кога е Јунајтед во прашање.
Инаку, со Аморим во Манчестер пристигнаа неговите помошници од тимот на Спортинг, Карлос Фернандес, Аделио Кандидо, Пауло Бареира, Емануел Феро и Жорж Витал.
Само ден претходно, во својот последен меч на клупата на лисабонскиот клуб, Спортинг победи на гостински терен против Брага со 4:2 откако на полувремето губеше со 2:0.
Истиот ден Манчестер Јунајтед го совлада Лестер со 3:0 во 11. коло од Премиер лигата.