[ФОТО] Уште се трага по исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери: Семејството бара помош од јавноста

A1ON.MK

09/11/2024

18:03

4.905

Големина на фонт

а а а

Минува и вториот ден, а и натаму нема информации за Лидија Трјковска од Јурумлери за која семејството вчера пријави дека исчезнала во утринските часови. Од тогаш и се губи секаква трага. Од домот излегла без телефон и без документи.

Денеска нема нови информации околу потрагата. Семејтовото добило неколку одјави од луѓе кои мислеле дека ја виделе жената, но излегло дека се препознале.

– Исчезната е мајка ми, последен пат видена на автобуска на Јурумлери, носи зелен дуксер со црни шари бели фармерки и црни чизми. Доколку некој ја види ве молам јавете се 071345208, напиша нејзината ќерка Мартина во објавата за исчезнувањето.

Никогаш не се случило вакво нешто, сите сме затекнати и бараме помош во наоѓањето на мајка ни. Таа е семејна жена, вработена во Тинекс месара, излегла од дома околу пет часот наутро додека сестра ми и татко ми се уште спиеле. Не знаеме што се случило, ова е голем шок за сите нас и несвојствено за мајка ни, и случајот веднаш го пријавивме во полиција – кажа Мартина.

Исчезната е мајками последен пат видена на автобуска на Јурумлери носи зелен дуксер со црни шари бели фармерки и црни чизми доколку некој ја види ве молам јавете се 071345208

Posted by Мартина Трајковска on Friday, November 8, 2024

За исчезнувањето на Лидија објави и нејзиниот брат, Аце Јоциќ.

Izceznata e sestrami ve molam za sekoja informacija da me iskontaktirate 078431680 tragot i se gubi na raskrsnicata vo jurumleri

Posted by Ace Jocikj on Friday, November 8, 2024

Денеска нема никакви нови објави и детали кај членовите на семејството.