[ВИДЕО] Српскиот тиктокер ја разнежи жената што продава цвеќиња на улица: За среќа навистина е потребно малку

Точка

09/11/2024

19:18

5.575

Големина на фонт

а а а

Српскиот тиктокер Лука Алериќ ги воодушеви своите следбеници со гест кон жената која секојдневно продава цвеќе на улица и докажа дека за среќа навистина е потребно малку.

Лука претходно кажа дека оваа госпоѓа секојдневно се смрзнува обидувајќи се да продаде цвеќе, но за жал речиси никој не го купува нејзиното цвеќе. Тој потоа и се доближил и ја прашал колку чини еден букет, на што таа одговорила: „200 динари“.


Лука потоа ѝ кажал дека сака да купи еден за мајка му, а потоа ја праша дали може да ги купи сите букети, и ја шокираше жената.

„Како мислиш сè? Сето ова?“, го прашала жената и срдечно насмеала. Додека Лука ги платил сите букети и притоа ѝ оставил бакшиш.

„Еве 5.000, да имате. Земете, слободно. За да си одите дома. Доста, стоите тука секој ден“, ѝ кажал тој. Додека жената не можеше да поверува во она што се случува, и притоа кажа дека претходниот ден продала само еден букет.


Со овој едноставен гест Лука ја покажа својата хуманост. Исто така во описот на видеото, тој напиша дека ова е најдобриот начин на кој ги потрошил парите бидејќи знае дека букетите сигурно биле направени со многу љубов. Во меѓувреме многумина негови следбеници го пофалија овој негов потег.

„Браво. Така се прави тоа“, „Секоја ти чест“, „Господ да те чува“ „Да си жив и здрав“, „Ова е доволно за да расплаче возрасен човек“, беа дел од коментарите под видеото на Лука.



Спонзорирани линкови

Маркетинг