Нови детали за здравствената состојба на кралицата Камила: По инфекцијата, таа се повлече од јавноста

Точка

09/11/2024

16:16

3.577

Големина на фонт

а а а

Нови детали за здравствената состојба на кралицата Камила: По инфекцијата, таа се повлече од јавноста

Откако беше објавено дека кралицата Камила ќе се повлече од јавните ангажмани поради инфекција на дишните патишта, од палатата „Бакингем“ доаѓаат нови информации со надеж за нејзино брзо закрепнување.


Само еден ден по соопштението дека кралицата ќе пропушти неколку настани, вклучувајќи го отворањето во Вестминстерската Опатија и приемот во „Бакингемската палата“ за олимписките и параолимписките спортисти, беше ажуриран нејзиниот распоред.


Според високи претставници од палатата, Камила во моментот одмара дома по препорака на докторите, но се надева дека ќе биде способна да се врати на своите обврски до крајот на неделата. Доколку закрепне, се очекува повторно да се појави на јавни настани во почетокот на следната недела.


Палатата соопшти дека во вторник кралицата Камила ќе биде домаќин на прием во Кларенс Хаус за авторите кои се во потесниот избор за годинешната награда „Букер“. За време на настанот, Едмунд де Ваал, претседател на жирито, ќе одржи краток говор, а Камила ќе ги поздрави номинираните, посакувајќи им среќа пред објавувањето на победникот подоцна истата вечер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг