Пејачката со пријателите јадеше торта на која пишува „Fuck Trump“, а потоа објави нова провокација упатена до новиот американски претседател со кој од 2017 година е во лоши односи.
„Се прејадов“, напиша Мадона под фотографијата од тортата која ја објави на „Instagram story“. Веднаш потоа, 66-годишната кралица на попот сподели ново „story“, а двете објави за кратко време станаа вирални.
„Се обидувам да разберам зошто осуден криминалец, силувач, фанатик е одбран да ја води нашата земја. Затоа што е добар за економијата?“, напиша Мадона, која ја поддржуваше Камала Харис.
„Париз беше многу забавен! Беше тешко да го напуштам, но морав да се вратам дома за да гласам. Камала Харис за претседателка!“, напиша Мадона минатиот четврток.
Под фотографијата од провокативната торта, многу корисници на социјалната мрежа „Х“, напишаа дека и тие го мислат истото.
„Мислам дека сите се согласуваме за ова“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. „Кралица“, коментираа други корисници.
Инаку, кога Трамп ја победи Хилари Клинтон на изборите во 2017 година, Мадона изјави дека е преплашена.
„Тој всушност нѝ прави голема услуга, бидејќи не можеме да паднеме пониско од ова“, изјави тогаш пејачката. „Американците сега имаат два избора, уништување или создавање, а јас го одбрав создавањето.Најтемно е пред зори“, додаде Мадона додека зборуваше во текот на дискусијата за уметноста и современото време во Бруклин.
Истата година, за време на Женскиот марш во Вашингтон, таа го „почести“ тогашниот американски претседател Доналд Трамп со жестоки пцости, а потоа тој жестоко ѝ возврати.
„Искрено, таа е одвратна. Со тоа најмногу си наштети себеси. И останатите имаа свои испади таму, но таа беше најлоша. Ја посрамоти нашата земја“, изјави тогаш Трамп.