Меланија Трамп ја изненади јавноста: Никој не претпоставуваше кој број на чевли носи, а има огромна колекција

Точка

08/11/2024

21:40

7.090

Големина на фонт

а а а

Иако за животот на Меланија Трамп се знае речиси сè, неодамна јавноста беше изненадена кога дозна еден необичен детаљ - бројот на нејзините чевли.

 

Сопругата на Доналд Трамп, позната по својот елегантен стил, носи чевли со број 10.5 по американски стандарди, што одговара на европски број 42.5,односно речиси 43.


Ова е ретко за жени, но секако не е изненадувачко со оглед на нејзината висина од 180 см.


Пред престојот во Белата куќа, Меланија често споделуваше фотографии од својата богата колекција на чевли на социјалните мрежи, демонстрирајќи чевли за секоја пригода.


Нејзината љубов кон дизајнерски обувки се забележа и во 2010 година кога беше фотографирана за американско списание, при што откри дел од гардеробата со над 130 пара чевли наредени во 10 реда.


Како прва дама, нејзиниот стил стана уште поелегантен, а познато е дека често носеше дизајнерски потпетици со цени што достигнуваат и над 1.000 долари.


Стилот на Меланија еволуираше со годините, преминувајќи од екстравагантен во поелегантен и софистициран, особено откако нејзиниот сопруг стана претседател на САД.