Трамп одлучува што ќе прави со Украина, подготвен е нацрт-планот! Прекинување на бесконечната воена поддршка од Бајден кон Киев - Ова се трите клучни точки

Точка

08/11/2024

21:39

5.654

Големина на фонт

а а а

The Wall Street Journal го објави нацрт-планот на тимот на Трамп за Украина. Ветувањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе стави крај на војната во Украина до инагурацијата во Белата куќа до 20 јануари следната година го стави во позиција да избере помеѓу неколку предлози подготвени од неговите сојузници.

WSJ истакнува дека предлозите имаат една заедничка нишка, а тоа е решително прекинување на политиката на претседателот Џо Бајден за воена поддршка на Украина под мотото „сè додека е потребно“.

Киев Индипендент пренесува еден од предлозите, составен од тимот на Трамп, како и нацрт-план, до кој американските новинари добиле пристап вчера.

Првиот услов е Украина да се откаже од аспирациите за приклучување кон НАТО во следните 20 години. Вториот услов вклучува замрзнување на моменталната состојба на фронтот и воспоставување на демилитаризирана зона помеѓу териториите под руска и украинска контрола.


Овој план ја исклучува можноста за испраќање американски трупи или контингенти на Обединетите Нации за мониторинг и наметнување прекин на огнот. Наместо тоа, се предлага европските сојузници на Киев - земји како Полска, Германија, Велика Британија и Франција - да преземат одговорност за оваа задача.

Според извор од тимот на Трамп кој зборуваше за WSJ, Соединетите Држави би продолжиле со воената обука на украинските сили и обезбедување на друга поддршка за Киев, вклучително и испраќање оружје за да се спречи понатамошен руски напредок.

Во претходните извештаи за плановите на Трамп, се споменуваше можноста Вашингтон да ја прекине воената помош за Украина за да го натера Киев да пристапи кон мировни преговори.


Според WSJ, останува да се види колку е сериозен овој план и дали Трамп навистина ќе го спроведе по преземањето на функцијата.

„Во овој момент, ниту Русија, која продолжува со својата офанзива, ниту Украина, која изјави дека не е подготвена да ја предаде својата територија, не сигнализираат подготвеност за разговори,“ напиша американскиот весник.

Весникот потсетува дека Трамп за време на изборната кампања ветуваше дека брзо ќе ја реши војната во Украина и ќе ги доведе двете страни на преговарачка маса, но не откри како планира да го постигне тоа.


„Не можам да ви ги откријам тие планови, затоа што, ако го сторам тоа, нема да можам да ги искористам,“ изјави Трамп.