[ФОТО] Славниот татко ја бакнува ќерка си во уста, за што често се мета на критики: Овојпат нејзиниот стајлинг е топ тема, дали ова прилега на 13 годишно девојче?

Точка

07/11/2024

22:24

5.867

Големина на фонт

а а а

Британската модна дизајнерка Викторија Бекам е синоним за префинет моден вкус, а нејзината 13-годишна ќерка Харпер веќе тргна по нејзините чекори, посветувајќи внимание на креациите кои ги носи.

Наследничката на Бекамови привлече големо внимание уште пред неколку месеци, со фустанот кој го носеше за јубилејниот роденден на мајка ѝ, а сега повторно стана главна тема во модните медиуми.


Имено, Харпер ѝ беше придружба на мајка ѝ Викторија на доделувањето на наградите за Жена на годината во организација на списанието „Харперс базар“, каде ѝ беше доделена наградата претприемач на годината.

„Победничката во оваа категорија е жена која отсекогаш ми била пример. Таа изгради неверојатен бизнис и ми ја покажа вредноста на напорната работа, на тоа да се има големи соништа и да се има високи критериуми“, изјавила Харпер, пред да ја најави мајка ѝ и да ѝ ја врачи наградата.


Девојчето пристина на настанот во долг свилен фустан со прекрасна небесно сина боја. Иако изгледот ѝ беше елегантен, многумина сметаат дека деколтето ѝ било несоодветно за возраста. Што се однесува до фризурата, косата ѝ била права и пуштена, а на комбинацијата ја дополнила до бели сандали со потпетици.

Малку кој знае дека Харпер всушност има 13 години, но облеката ја прави да делува многу постаро.


Инаку, Дејвид Бекам постојано е критикуван за неговото однесување кон ќерката Харпер Бекам. Додека тој го гледа тоа како излив на татковска љубов, неговите следбеници сметаат дека е непримерно тој да ја бакнува својата ќерка во уста.