Дека Шведска е доста пред сите други, ќе се уверите и самите, но случаен Швеѓанец ќе ве потсети на тоа: Нивната земја ги роди Абба, Нобеловата награда, но тие се и единствената земја без чад (имаат помалку од 5 проценти пушачи). На сето тоа треба да се додаде дека смислиле и начин како бесплатно да ги греат куќите.
Нивниот најнов технолошки проект ги изненади сите и секако е голема вест во еколошките технологии.
Во еден дел од Стокхолм, поточно во населбата Скарпанк, се гради голема база на податоци. Сите кои поседуваат компјутери знаат колку им е жешко, но сигурно никој досега не помислил дека оваа енергија може да се искористи за загревање на куќата.
Швеѓаните штотуку сфатија и дојдоа на идеја да ја искористат таа инаку бескорисна енергија. Со топлинската енергија на компјутерот ќе се греат околу 30.000 домаќинства.
Целиот проект го води компанијата „Фортум“, а според нивните предвидувања, компјутерите во иднина би можеле да загреваат повеќе од 10 отсто од куќите и зградите. Поради оваа причина, градските советници одлучија да се отворат повеќе компјутерски центри во Стокхолм.
Главниот град на земјата чиј слоган е „во чекор со времето“ ќе стане уште понапреден еколошки.
Извор: Денар.мк