Полицајците во главниот град на Перу, Лима, на најдобар начин ја искористија Ноќта на вештерките. Маскирани во суперхероите Дедпул и Вулверин, тие тргнаа во успешната акцијата на апсења. Во текот на „суперхеројската“ рација тие уапсија четворица членови на наркобанда, при што запленија големо количество на дрога и голема сума на пари, а дилерите веројатно не биле подготвени за вакво нешто.
Полицајците се припадници на специјализираната единица за борба против наркотици „Escuadrón Verde“ на националната полиција на Перу.
Апсењето се случило на 31 октомври, а на снимките се гледа како Дедпул и Вулверин ги водат осомничените со лисици на рацете, додека дрогата и парите биле запленети во текот на рацијата во куќата во дистриктот Римац во Лима. Додека полицајците биле снимени како влегуваат со големи чекани во куќата.
Тие заплениле 54 вреќи кокаин, 850 пакетчиња паста која содржи кокаин и околу 2.000 перуански соли (околу 500 евра), објавија локалните медиуми.
Запленетите предмети беа прикажани на прес-конференција, на која полицајците исто така носеа костими.
Меѓутоа ова не е прв пат перуанските полицајци да користат костими. Во декември минатата година беа уапсени двајца дилери кои продавале кокаин и марихуана, а полицаецот кој ги уапсил бил облечен во костим на Дедо Мраз.
Полицијата долго време ги следела двајцата дилери, а пред нивното апсење тие дури три пати им продале дрога на тајните полициски агенти.
Сепак, ниту тоа не беше прв пат перуанските полицајци да употребуваат костими. Имено тие во 2022 година, уапсија четворица членови на банда, облечени во костими на Тор, Спајдермен, Капетан Америка и Црната Вдовица.
Инаку Обединетите нации го сметаат Перу за најголем производител на кокаин во светот.