Шокантни поплави ја погодија Шпанија минатата недела, однесоа многу животи, а една потресна приказна ни доаѓа од Валенсија.
Се стравува дека бројот на загинатите ќе се искачи на „стотици“ кога ќе завршат работите за отстранување на водата од огромните подземни паркиралишта.
Нова неверојатна приказна ни доаѓа од Валенсија. Навивачот на „лилјаците“ Хозе Понте си го ризикувал животот за време на поплавите само за да ја спаси колекцијата на дресови од својот сакан клуб.
Понте е познат колекционер, а со својот потег го шокираше светот. На социјалните мрежи се појавија фотографии кои носат солзи. Шпанските медиуми пренесуваат дека среде катастрофа и неволја Хозе влегол во неговата куќа поради дресовите. Тој открил што се требало да направи за да ја дојде до колекцијата.
🇪🇸 Un hincha del Valencia se metió a su casa en una operación kamikaze, solamente para salvar su colección de camisetas
— 🥊𝕳 BARRAS DEL MUNDO ⚽🍺 (@Barras_LATAM) November 3, 2024
Grande @PonceRoda 💪🏻💪🏻💪🏻 pic.twitter.com/OxKC5WBKTp
За него дресовите на Валенсија се вистинско богатство, за кое буквално го ставил својот живот на опасност. Отишол во подрумот каде што немало струја, водата била до колена, ризикувал многу, но сето тоа на крајот му се исплатело. Успеал да спаси дури 40 дресови.
Иако дресовите се извалкани со кал, Хозе бил горд и изјавил дека ќе даде се од себе за да бидат како порано.