Ирина Шајк заблеска на промоција на козметичкиот бренд во Милано облечена во целосно проѕирен фустан.
Фустанот е изработен од мали сребрени синџири, а таа исто така носеше и црн дуксер и сандали, а изгледот го комплетираше со едноставна фризура и шминка како и накит.
Таа во добро расположение им позираше на присутните фоторепортери, а благодарение на нејзиниот беспрекорен изглед ги привлече погледите на сите присутни.
Оваа манекенка минатото лето ги поттикна гласините дека е во врска со Том Брејди, што набргу потоа беше и потврдено, меѓутоа двајцата раскинаа во октомври 2023 година.
„Тој ѝ беше многу привлечен. Таа сакаше да се забавува со него. Сепак, и двајцата имаа сè повеќе и повеќе обврски, така што не можеа често да бидат заедно. На крајот едноставно сè се распадна“, рекол изворот за „TMZ“ и додаде дека двајцата не се во лоши односи.
Ирина со поранешниот сопруг Бредли Купер ја има ќерката Леа Де Сејн. Тие се разведоа во 2019 година, а и со него остана во добри односи, додека ќерката им е на прво место.