[ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО] Снимен моментот кога се урива дел од настрешницата на Железничката во Нови Сад: Осум тела се извлечени од урнатините

A1ON.MK

01/11/2024

15:09

9.004

Големина на фонт

а а а

Настрешницата на железничката станица во Нови Сад денеска околу пладне се урна. Според првите информации има загинати и повредени.

„Повредени се над 30 луѓе, тоа е последната бројка што ја имаме, а можеби е поголема. Се уште не знаеме дали има загинати, додека не бидеме сигурни дека не можеме да кажеме ништо. Телефоните ни ѕвонат постојано. Родителите се јавуваат да прашаат за децата….Ова е катастрофа. Се трудиме што побрзо и поефикасно да дојдеме до жртвите“, јави Нова/рс повикувајќи се на изјава на извор од Службата за итни случаи во Нови Сад.

Во Нови Сад изјави дадоа премиерот Милош Вучевиќ и министерот за полиција Ивица Дачиќ.

„Изразувам големо жалење што оваа трагедија се случи во Нови Сад. Градските служби во полн капацитет им се ставени на располагање на надлежните државни служби. Согласно сите процедури, откако истражните органи ќе ја завршат истрагата, ќе информираме Јавноста за понатамошните чекори Градот е во постојан контакт со надлежните органи и ќе ги преземе сите неопходни чекори Во овој момент целото наше внимание е насочено кон пружање помош на сите погодени од оваа несреќа, изјави градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Вучевиќ рече дека ова е еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад.

– Голема, страшна трагедија – рече премиерот, и упати сочувство до семејствата на загинатите.

По повикот спасувачите веднаш по повикот пристигнале на местото на несреќата, рече Дачиќ, додавајќи дека во акцијата учествуваат близу 80 спасувачи од повеќе градови.

– Исклучително тешка акција, која секако ќе потрае уште неколку часа. Осум тела се извлечени од урнатините. Две лица се во болница, тие преживеале, иако состојбата на едниот е доста тешка, ампутирана му е ногата – рече Дачиќ.

На социјалните мрежи се појави првото видео од колапсот. Снимен е моментот кога се урива дел од настрешницата.