Аморим назначен за нов тренер на Јунајтед, ќе дебитира против повратникот во Премиер лигата

Дерби

01/11/2024

14:27

1.581

Големина на фонт

а а а

Англискиот великан Манчестер Јунајтед и официјално има нов менаџер, а тоа е 39-годишниот Рубен Аморим.

Тоа што се најавуваше изминативе денови сега е потврдено, па така досегашниот предводникк на Спортинг Лисабон ќе биде замената за Ерик Тен Хаг кој заработи отказ по поразот од Вест Хем од 2-1. Ова за Аморим ќе биде најголем предизвик во досегашната тренерска кариера, прв предизвик надвор од татковината со оглед на тоа што досега ги водеше Каса Пиа, Брага Б, Брага и Спортинг Лисабон каде имаше извонредни резултати, освоени лигашки и куп трофеи со кои го сврте вниманието кон себе и беше мета на повеќе европски клубови.

На крајот Јунајтед го обезбеди неговиот потпис и тоа до јуни 2027 година со опција за уште една сезона.

Рубен ќе му се приклучи на новиот клуб на 11 ноември што значи дека дебито ќе го има по репрезентативната пауза против Ипсвич во Премиер лигата (24 ноември)

Во меѓувреме „црвените ѓаволи“ ќе продолжи да ги тренери и менаџери Руд Ван Нистелрој за соочувањата со Челси, ПАОК и Лестер.

Спортинг за овој „трансфер“ ќе заработи 11 милиони евра.