Научниците открија дека ова е максималниот број години кои човекот може да ги доживее: Никој нема да успее да добие ниту ден повеќе на оваа планета

Точка

30/10/2024

21:54

7.074

Големина на фонт

а а а

Иако избалансираната исхрана, избегнувањето цигари и активниот начин на живот потенцијално можат да го продолжат животниот век, крајот на животот е едноставно неизбежен.

Благодарение на медицинскиот напредок, животниот век на современиот човек е многу подолг од оној на нашите предци, пишува „LADbible“.

Канцеларијата за национална статистика тврди дека очекуваниот животен век во Европа од 2020 до 2022 година бил 78,6 години за мажи и 82,6 години за жени. Ова ги надминува САД каде очекуваниот животен век за мажите е околу 74,8 години и 80,2 години за жените. Но, само затоа што има просек не значи дека нема аномалии, па Французинката Жанин Кламен била на длабока старост од 122 години кога починала во 1997 година, со што станала суперстогодишник, личност која има 110 години или повеќе.


Додека повеќето луѓе не се ни блиску до тоа, прашањето е – колку долго може теоретски да живее човечкото тело. Во 2022 година, научниците од сингапурска биотехнолошка компанија во американскиот град Бафало ја проучувале човечката еластичност и способноста на телото да се опорави од оштетување. Со помош на вештачка интелигенција, тие ги испитале медицинските податоци на 100.000 волонтери за да го проценат максималниот животен век на една личност.


Земајќи ги предвид факторите како што се возраста, болеста и начинот на живот, тие откриле дека на возраст од 120 до 150 години, човечкото тело ја губи способноста целосно да се опорави, што значи дека човекот не може да живее многу подолго од тоа. Други научни студии за стареењето наведуваат дека рекордот за најстара личност на светот најверојатно ќе биде повторно срушен до 2100 година, но не секој ќе доживее длабока старост како Калман.


Во меѓувреме, се тестираат лекови кои би можеле да се обидат да го забават процесот на стареење на телото и теоретски да овозможат некого да живее до 200 години, но идејата дека сите ќе доживееме 200 е нереална.

Сепак, ако успеете да доживеете 150 години, тоа би бил еден вид феномен, а можеби до тогаш ќе се измисли начин луѓето да живеат вечно, можеби како роботи.