Макс Ферстапен доби жестока казна за два маневри на трката за големата награда на Мексико, па тоа направи да се задоволи со шесто освоено место на гран-прито кое се возеше изминатиов викенд.
Светскиот шампион доби две казни од по десет секунди за два ризични потези во дуелот со Ландо Норис, а бидејќи ФИА со истата испрати јасна порака пред завршното сценарио во Формула 1 на последните четири трки, новинарите го запрашаа Макс дали стравува од слично сценарио и на трките во Бразил, Лас Вегас, Катар и Абу Даби.
Возачот на Ред Бул традиционално е саркастичен и со доза на потсмевање ги прифаќа казните од ФИА, па во тој стил продолжува и по трката во Мексико.
Ландо успеа да ја намали разликата на 47 бода во генералниот пласман, а Ферстапен најави дека во иднина ќе си побара пијачка во боксот доколку стјуардите му доделат нова казна.
– Можеби ќе земам пијачка во питстопот. Моторот беше изгасен 20 секунди, имав доволно време за такво нешто, – гласи изјавата на Макс.
Will you do anything different next time around given the penalties?
— Verstappen News (@verstappenews) October 27, 2024
Max: "Maybe get a drink in the pitstop? I mean, the engine was off for 20s, so I had enough time!"pic.twitter.com/uYQBsFAfJH