[ФОТО] Мартин од „Некст Тајм“ и сопругата Андреа добија ќерка: Среќниот татко се огласи со емотивна објава

Точка

23/10/2024

20:33

2.582

Големина на фонт

а а а

Музичарот Мартин Филиповски од „Некст Тајм“ и неговата сопруга, ракометарката Андреа, станаа родители за првпат.

Денес на свет дојде нивната ќерка, која го доби името Лиана – необично и прекрасно.

Среќниот татко се огласи на Инстаграм и со своите следбеници ја сподели оваа неопислива радост. „Светот во раце. Добредојде Лиана“, напиша Мартин.


Тој и сопругата Андреа, ги објавија убавите вести дека ќе станат родители уште во мај годинава, а за време на целата бременост ретко споделуваа нови фотки.


Мартин и Андреа се заедно од 2015-та година, а во 2022-ра година тој ја запроси ракометарката во интимна атмосфера.

Потоа, црковната венчавка се одржа во родниот град на ракометарката Андреа во Кичево.



Честитки на приновата!





Спонзорирани линкови

Маркетинг