Снимен е моментот кога крадец на луксузни часовници „Мејфер“ се обиде да ограби двојка. Тој не знаел дека тие всушност се полицајци во цивилна облека, пишува „Скај њуз“.
Тие носеле скапа облека и додатоци како дел од тактиката за апсење на банди кои крадат луксузни часовници. Инцидентот се случи на 10 октомври минатата година во луксузна област во Лондон.
Јакоб Харкет, кој имал најмалку еден соучесник, се гледа на видеото како ја следи полициската двојка, а потоа се обидува да украде часовник од раката на полицајката во Хејс Меус.
На видеото потоа се гледа како полицаецот го зграпчува Харкет додека тој се обидува да побегне, а потоа влегува друг човек во одело, исто така полицаец, за да го спречи. Другиот полицаец се лизнал и Харкет успеал да побегне, но набргу потоа бил уапсен. На видеото се гледа и апсењето на двајцата мажи кои биле запрени од полицајците во цивилна облека во врска со истиот обид за кражба.