Искуството на Макпетрол пресудно во дуелот со Леар

Точка

18/10/2024

10:56

187

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Искуството на Макпетрол пресудно во дуелот со Леар

Леар 2-10(1-6) Макпетрол

Леар: Робертино Златевски 19”, Абаз Џафери 26”

Макпетрол: Филип Митков 8”, Никола Секулоски 10” 31”, Горан Новаковски 12”, Наум Таулоски 15”, Небојша Прленда 18” 20”, Баже Тодоровски 25”, Мишо Ѓоргиовски 29” 36”

Натпреварот помеѓу Леар еи Макпетрол започна со отворен фудбал и на двете страни. Екипите во првата половина од првото полувреме играа чисто во делот на одбраната без по груби стартови. Во ваквата чиста игра екипата на Макпетрол имаше простор преку организиран напад да дојде до отворени шанси за гол. Овие шанси екипата на Макпетрол успеа да ги претвори во реализација во втората половина од првото полувреме, кога со неколку голови во низа стекна резултатска предност. Екипата на Леар во самиот финиш од полувремето со гол го намали водството на Макпетрол. На полувремето се отиде со резултат 1-6.

Во второто полувреме и двете екипи продолжија со иста игра. Екипата на Леар внесе голман-играч во своите редови како би мижела да сврти текот на натпреварот. Макпетрол на ваквата игра се потпре на искуството и не дозволи резултатки пресврт па на крајот славеше со конечен резултат од 2-10.

ЕЛЕМ со контролирана игра до победа во дуелот со Гранит

Гранит 3-6(2-4) ЕЛЕМ

Гранит: Дарко Аралампиевски 5”, Мартин Фотевски 15”, Виктор Нацев 38”

ЕЛЕМ: Горан Николов 2” 7”, Антонио Ничевски 12”, Душан Спасеновски 20” 30”, Тихомир Груевски 40”

Екипите на Гранит и ЕЛЕМ во првото полувреме играа контролиран напад и на двете страни без грешки во додавањата како би мoжела една од екипите да оствари предност преку контра напад. Во ваквата игра на самиот старт Николов со гол во втората минута му донесе предност на ЕЛЕМ од 0-1. Екипата на Гранит успеа преку Аралампиевски 5” да израмни на 1-1, но по неполни две минути кај ЕЛЕМ повторно проработе Николов кој со гол зголеми на 1-2. Во втората половина од полувремето ЕЛЕМ зголемi на 3-1 по што по груб старт екипата на Гранит остана со играч помалку и му даде простор на ЕЛЕМ да го зголеми водството, но Гранит успеа да се одбрани, ЕЛЕМ не го искористи играчот плус во нападот, па се влезе во егал натпревар во кој на полувремето ЕЛЕМ отиде со предност од 2-4.

Во второто полувреме екипата на Гранит се обидуваше да ја анулира предноста од првото полувреме но ЕЛЕМ ја контролираше играта и не дозволи целосен пресврт. Гранит не успеа да реализира пенал со што ЕЛЕМ имаше пол позиција која успеа да ја искористи и стигна до победа на овој натпревар од 3-6.

Во цврст натпревар Транском го совлада Џонсон Мети

Транском 5-2(4-2) Џонсон Мети

Транском: Фисник Реџа 2” 22”, Бојан Мирчевски 10”, Жан Мановски 15” 20”

Џонсон Мети: Трајче Ѓорѓиески 11” 16”

Екипата на Џонсон Мети во дуелот со Транском влезе со голман-играч како би можела да има играч плус во делот на нападот. Транском успеа да го искористи ова па преку контра напад во реализација на Реџа 2” дојде предност од 1-0, на кој му се приклучи и Мирческо во 10” кој со гол зголеми на 2-0. Во 11” Џонсон Мети преку Ѓорѓиевски го намали резултатот на 2-1. Во втората половина од првото полувреме и двете екипи се обидуваа преку добро изработени акции да дојдат до отворен шут кон противничкиот гол. Транском имаше подобра реализација па на полувремето отиде со предност од 4-2.

Второто полувреме двете екипи го започнаа со целосен акцент на играта во одбраната. Се играше цврста одбрана и на двете страни. Со ваквата игра тешко се доаѓаше до отворена шанса за гол. И двете екипи играа на ивица на фаул. Екипата на Транском постигна уште еден гол преку контра напад за резултат од 5-2. Џонсон Мети се обидуваше да ја анулира негативата од првото полувреме но тоа не им појде од рака па на крајот Транском дојде до победа на овој натпревар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг