[ВИДЕО] Силни поплави го погодија југозападниот дел на Франција: „Ситуацијата е исклучително критична“

Макфакс

17/10/2024

15:51

841

Големина на фонт

а а а

Неколку области во Франција денеска се под црвен аларм по обилните дождови кои предизвикаа поплави во југозападниот дел на земјата.

Силни поплави ја погодија областа Аноне, во близина на Сент Етјен.

Градоначалникот Симон Пленет ги повика жителите да останат дома и да ги следат упатствата, нагласувајќи дека ситуацијата е „екстремно критична“.

Децата се евакуирани од училиштата, а затворен е и пристапот до центарот на градот.

Снимката од Анноај покажува целосно поплавени улици, а сите служби се на терен, јавуваат француските медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг