Во неизвесен натпревар Макстил славеше над ТАВ

Точка

17/10/2024

10:45

396

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Во неизвесен натпревар Макстил славеше над ТАВ

ТАВ 2-3(0-0) Макстил

ТАВ: Петар Мартиновски 25”, Мирослав Петровски 39”

Макстил: Мухамед Исмаиљи 32”, Ридван Идризи 35”, Бојковски Бобан 37”

Екипите на ТАВ и Макстил во полна пареа го започнаа меѓусебниот дуел. И двете екипи наметнаа брзо темпо на игра уште на самиот почеток играјки преку брзи транзиции во делот на нападот. Цврстата и стабилна игра од страна на екипите на ТАВ и Макстил, особено во делот на одбраната, не дозволи бројни продирања кон голот на противничката екипа, но дури и кога имаше изгледни шанси за гол , голманите Насковски кај ТАВ и Милошевски кај Макстил останаа на ниво на задачата. Во ваквото егал првото полувреме и двете екипи заминаа на полувремето без погодок.

Второто полувреме започна во ист ритам, промислени и добро организирани напади пречекани од децидна и цврста одбрана. Екипата на ТАВ преку брз контра напад во 25” минута успеа да стигне до првиот погодок на овој натпревар во изведба на Мартиновски и да поведе со 1-0. По седум минути динамична игра, Исмаиљи 32” кај Макстил возврати со погодок за израмнување и резултат од 1-1. Во завршните минути од натпреварот екипата на Макстил ја превзеде иницијативата во свои раце, и со притисок во предно поле успеа да превземе водство преку Идризи 35”, на кој за неполни две минути му се приклучи и Бојковски 37” за водство од 1-3. Во самиот финиш од натпреварот Петровски 39” постигна гол кај ТАВ но тоа не беше доволно за израмнување, па Макстил славеше на овој дуел со конечни 2-3.

Кромберг & Шуберт со цврста одбрана до победа над Тиквеш

Кромберг & Шуберт 4-3(3-2) Тиквеш

Кромберг & Шуберт: Александар Крстевски 2” 31”, Ице Марковски 15”, Гоце Конески 19”

Тиквеш: Дамјан Петревски 10”, Деко Марков 20”, Делчо Кировски 40”

Екипите на Кромберг & Шуберт и Тиквеш натпреварот го започнаа офанзивно со отворен фудбал и на двете страни. Уште на самиот старт во 2” Крстевски кај екипата на Кромберг & Шуберт успеа да дојде до погодок за резултат од 1-0, но екипата на Тиквеш преку контра напад успеа да го израмни резултатот, стрелец на голот за израмнување беше Петресвки 10”. Во второата половина од првото полувреме екипата на Кромберг & Шуберт во реализација на Марковски-Конески 15” и 19” успеа да дојде до водство од 3-1. Во тие моменти Екипата на Тиквеш со голман играч се обиде да стекне играч плус во делот на нападот. Тоа го искористи Марков 20” па го намали резултатот на 3-2, резултат со кој заврши првото полувреме.

Во второто полувреме екипата на Тиквеш продолжи со голман-играч да го напаѓа голот на Кромберг & Шуберт. Ваквата игра траеше во целото второ полувреме. Кромберг & Шуберт со добра поставеност во одбраната не даваше лесни приоди кон својот гол. И двете екипи преку контра напад успеаа да постигнат по еден гол, со што дојде до резултат од 4-3 за екипата на Кромберг & Шуберт. Екипата на Тиквеш во самиот финиш со обиде да го израмни резултатот но не успеа во тоа па Кромберг & Шуберт славеше со 4-3

Дуото Димковски-Боневски ја водеа Аџибадем Систина до победа над С.Ц. Борис Трајковски

Аџибадем Систина 5-4(2-3) С.Ц. Борис Трајковски

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 11” 36” 38”, Даниел Боневски 16” 27”

С.Ц. Борис Трајковски: Даниел Апостоловски 7” 38”, Владимир Мојсовски 10” 20”

Натпревар со многу пресврти одиграа екипите на Аџибадем Систина и С.Ц. Борис Трајковски. На стартот на првото полувреме екипата на С.Ц. Борис Трајковски преклу Апостоловски успеа да дојде до предност од 1-0. По не цела минута во листата на стрелците се приклучи и Мојсковски кој му донесе предност на С.Ц. Борис Трајковски од 0-2. Екипата на Аџибадем Систина успеа да ги консолидира своите редови па во втората половина од првото полувреме преку дуото Димковски-Боневски го израмни резултатот, но во самиот финиш од полувремето Мојсковски кај С.Ц. Борис Трајковски успеа да постигне гол за водство од 2-3.

Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина со чести измени го смени ритамот на натпреварот и успеа да дојде до израмнување по што следеше егал натпревар и на двете страни се до самиот финиш кога кај Аџибадем Систина проработе Димковски и со два гола успеа да и донесе предност на Аџибадем Систина од 4-3. Кај С.Ц. Борис Трајковски Апостоловски успеа да го израмни резултатот со што се влезе во трилер завршница во која Димковски со погодок и донесе победа на Аџибадем Систина од 5-4.




Спонзорирани линкови

Маркетинг