Историска одлука на ФИФА: Воведено ново фудбалско правило за да се добие борбата против расизмот

Дерби

17/10/2024

12:28

754

Големина на фонт

а а а

Меѓународната фудбалска Федерација донесе историска одлука на 74-от конгрес кој го одржа во Бангкок, бидејќи истата е последица на немилите настани кои имавме можност да ги гледаме низ разноразни епизоди во изминатите неколку години.

Фудбалерите често се жалеа дека ФИФА и УЕФА не преземаат сериозни мерки во борбата против расизмот, но Светската Федерација сега презема еден крупен чекор и воведе ново правило за натпреварите на кои ќе има расистички и дискриминирачки пораки од трибините.

Отсега натаму, во случа на расизам на еден фудбалски меч, судијата ќе може да го прекине мечот и по барање на фудбалерите, кои пак на главниот арбитар ќе треба да му алармираат со покажување на знако „X“ со прекрстени раце.

Овој симбол ќе значи дека одреден фудбалер е жртва на расистички испад од трибините, па судијата во продолжение ќе треба да се придржи до јасен протокол кој е составен од три чекори:

Прв чекор: Судијата го прекинува мечот

– Ако играч доживее расистички напад, треба да го употреби гестот против расизмот (X) и судијата ќе го прекине мечот.

Втор чекор: Судијата ги испраќа играчите во соблекувална

– Ако растистичкото однесување се повтори по рестартирањето на натпреварот, судијата е обврзан повторно да ги врати играчите во соблекувална.

Трет чекор: Судијата го суспендира натпреварот

– Ако расизмот продолжи и по паузата, судијата го прекинува натпреварот и играчите веќе не се враќаат на теренот. Епилогот од мечот ќе се решава на „зелена маса“, – гласи правилото кое го воведува УЕФА.




Спонзорирани линкови

Маркетинг