„Октомвриски розов карван – превенцијата е најдобра заштита“: Министерството за здравство со кампања за подигнување на свеста за откривање на рак на дојката

Макфакс

16/10/2024

14:47

169

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство почна национална кампања со мотото „Октомвриски розов каравн – превенцијата е најдобра заштита“ со цел подигнување на свесноста за рано откривање рак на дојката.

Во рамките на кампањата се повикуваат граѓаните, в сабота (19.10.), од 12 до 16 часот, и на 26 октомври од 13 часот во „Скопје сити мол“, каде што ќе биде поставен информативен штанд и ќе имаат можност да се информираат за тековните активности за превенција и лекување на ракот на дојката.

На 26 октомври, во 13 часот ,ќе се одржи централна трибина во „Синеплекс“, „Скопје сити мол“, каде што панелисти ќе бидат членови на националната комисија за скрининг на рак на дојката.

Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, Град Скопје, Здружението за помош и поддршка на пациентите со гинеколошки заболувања „Фемина М“, Националната опера и Балет, Факултетот за музичка уметност – Скопје и општествено одговорните компании „Скопје сити мол“ и „Синеплекс“, соопшти Министерството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг