Директорот на Царинска управа: Се отвораме кон сите земји во регионот, целта е унапредување на економската соработка и сузбивање на нелегалната трговија

Макфакс

16/10/2024

11:42

191

Големина на фонт

а а а

Зајакнување на соработката и спроведување реформски политики за олеснување на легалната трговијата ќе придонесе за подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на трговската размена помеѓу РС Македонија и Грција.

Ова беа темите на кои се дискутираше на средбата помеѓу директорот Бобан Николовски и заменик директорот Гарип Каба со советник за економски и трговски прашања при амбасадата на Република Грција, Дукас Маринополус и секретарот за економски и трговски прашања Василис Гаѕарас.

„Партнерствата помагаат да се зајакне соработката, се отвораме кон сите земји во регионот при што нашата интенција е унапредување на комуникациите со Царинските управи во регионот се со цел зголемување на конкурентноста, но и сузбивање на криминалот преку размена на информации и мечирање на податоците“, истакна директорот Николовски.

На средбата воедно се разговараше за преземените активности од Царинска управа, за отворање на нов граничен премин Маркова Нога како и за можноста за размена на информации во реално време во рамки на SEED системот од грчка страна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг