МВР со детали за најновото пукање во Чаир: Приведени четири лица, две од нив се затвореници од „Идризово“, кои излегле поради работа

Макфакс

15/10/2024

17:38

876

Големина на фонт

а а а

Полицијата соопшти дека го расчисти случајот со пукањето на улицата Христијан Тодоровски- Карпош, во близина на Општина Чаир, каде што од огнено оружје во левата нога е повреден Е. А. (35) од Скопје.

„Утврдени се сите учесници во кривично-правниот настан, и тоа: Л. А. (32) и И. Т. (30), кои се лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, како и А. Р. (29) и М. И. (32), осудени лица на издржување казна затвор во КПУ ‘Идризово’, а кои во текот на 14.10.2024 година во времето на извршувањето на кривичното дело користеле излез од затворот ‘Идризово’ по основ на работен ангажман“, соопшти МВР.


Од самото место подигнати се траги од биолошко потекло, применети се апликатори за барутен тест од утврдените учесници во кривично-правниот настан, обезбедени се видеозаписи од „Безбеден град“, а исто така утврдено е и возилото со кое едниот сторител доаѓа на самото место по што е подигнато за криминалистичко-техничка обработка.

По целосно документирање на настанот, во координација со OJO Скопје, од страна на ЕНК при СВР Скопје ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг