Италија без проблеми ја оправда улогата на фаворит во соочувањето со Израел и ја забележа третата победа во четвртиот натпревар во групата 2, сегментот А во Лигата на нации.
На оваа средба дебитираше Даниел Малдини со што беше испишана историја затоа што младиот напаѓач на Монца е трета генерација од неговото семејство кој го носи дресот на „аѕурите“, поточно тој продолжи по патот на неговиот дедо Чезаре и татко му Паоло.
Ова дефинитивно донесе радост кај него и семејството кои беа присутни на трибините.
- Беше силна сензација, позитивна, многу сум среќен што дојдов и што мечот мина добро. Натпреварот секогаш беше во контрола до нивниот гол, потоа се вративме назад и го видовме нашиот фудбал на дело. Мило ми е што моите родители беа тука, ќе разговарам со нив откако ќе се вратам дома. Ова деби го посветувам на моето семејство и моите пријатели, оние кои ме сакаат.
- Се надевам дека ќе донесам малку квалитет, дури иако тимот веќе има многу, ќе помогнам колку што е можно повеќе, - порача Малдини.
Three generations of Maldinis have now played for Italy:
— Football on TNT Sports (@footballontnt) October 14, 2024
🇮🇹 Cesare Maldini (debut in 1960)
🇮🇹 Paolo Maldini (debut in 1988)
🇮🇹 Daniel Maldini (debut in 2024)
It runs in the family. 🧬 pic.twitter.com/6wWBrNPcnJ