Џејми Левелинг го одбележа квалификацискиот меч во Лигата на нации кој вечерва се одигра во Минхен, бидејќи фудбалерот на Штутгарт имаше деби за паметење во германската фудаблска репрезентација.
Начинот на кој се најде на овој национален собир го прави случајот на Левелинг уште поуникатен, но мора да се признае дека и самиот се избори да биде топ тема во Германија.
Офанзивниот фудбалер постигна гол уште во 2-та минута од натпреварот со Холандија, но истиот беше поништен поради офсајд, што значеше дека радоста за дебитантот траеше доста кратко.
Imagine getting your first Germany call up due to an injury...
— DW Sports (@dw_sports) October 14, 2024
...and then starting in the last second due to another injury...
...and then scoring 100 seconds into your Germany debut, and its ruled out...
...and then REALLY scoring on your debut.
Jamie Leweling 🇩🇪#GERNED pic.twitter.com/EssZNwG9fE
Сепак, околностите се променија во 64-та минута на „Алијанц арена“, бидејќи Левелинг испорача „проектил“ во мрежата на Вербруген, по што веќе никој не можеше да му го одземе премиерниот гол.
На крајот, истиот се покажа како доволен за победа и важни три бода, кои дефинитивно имаат и уште поголемо значење поради приказната за Џејми.
Напаѓачот на Штутгарт беше дополнително повикан од Јулијан Нагелсман како замена за повредниот Џамал Мусиала, а денеска пред мечот беше вметнат во стартната постава како замена за повредениот Денис Ундав.
На крајот, испадна дека тој е вистинскиот „џокер“ на селекторот Нагелсман, па сосема заслужено е што доби и највисока оценка на оваа средба во Лигата на нации.