Циркус во Црна Гора: Фудбалска екипа загуби со 0:19, мечот прекинат откако во 70-та минута откако "колабираа" сите фудбалери

Точка

14/10/2024

10:52

4.137

Големина на фонт

а а а

Сме виделе секакви работи на регионалните фудбалски терени, но она што се виде во Третата лига на Црна Гора во фудбал, речиси никаде го нема. Имено, вчера се сретнале екипите на Његош и Зета, која водела со неверојатни 19:0 до ненадејниот прекин на натпреварот во 70. минута.

Во таа спомената минута, играчите на Његош паднале на теренот како да се покосени, предизвикувајќи тежок циркус, поради што мечот не ни продолжил да се игра.

Ова не е првпат Његош да загуби со бизарни резултати, бидејќи загубил со 10:0 од Забјел, потоа со 6:2 од Олимпик и 15:0 од Црвена Стијена со што вкупната гол-разлика е -48 со 50. примени голови на четири натпревари.


Инаку, Његош нема доволно играчи за настап на натпреварите, па против Забјел играше со единаесет без промена, со Црвена Стијена имаа една измена, а против Зета немало ни 11 фудбалери, туку десет.

Поради прекинот на натпреварот, останува отворено прашање дали воопшто ќе биде регистриран со 19:0 или само со веќе добро познатите 3:0.


Како и да е, Његош не е сам во овие малку смешни резултати, бидејќи Олимпико во првото коло беше поразен од Челик со 17:0, а од Забјел прими 14 гола без ниту еден постигнат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг