[ВИДЕО] Полубратот на Тупак Шакур го прекина молкот: Открил непознати детали од разговорот со Диди

Точка

14/10/2024

22:48

5.116

Големина на фонт

а а а

Моприм Шакур, полубратот на убиениот рапер Тупак Шакур, го прекина молкот и конечно проговори по неодамнешното апсење на раперот Шон Комбс, познат како Диди.

Тој во емисијата на Пирс Морган зборуваше за наводната вмешаност на Диди во пукањето во кое животот го загуби Тупак во 1996 година.

Моприм рече дека не бил сигурен дали Диди бил искрен кога рекол дека не бил вмешан во убиството на хип-хоп иконата во 1996 година. Тој, исто така, се присети дека се сретнал со уапсениот рапер години по пукањето и рече дека Комбс го уверил во неговата невиност: „Диди во основа рече дека нема никаква врска со убиството на мојот брат“.

„Му реков: ‘Вистината допрва треба да излезе на виделина, па ќе видиме’. И еве ние, 27, 28 години подоцна, сè уште се сомневаме во таа негова изјава“, откри во емисијата полубратот на Тупак.

На прашањето дали верува дека Диди лаже, Моприм рече: „Многу е можно, според мене – така делува“.


Семејството на раперот убиен во 1996 година го ангажираше познатиот адвокат Алекс Спиро да ја истражи можната поврзаност на Диди со убиството на Тупак.

Тупак беше убиен на 25-годишна возраст, а почина од повреди здобиени во пукање во септември 1996 година. Минатата година, речиси три децении по инцидентот, Дуан Киф Д Дејвис беше уапсен и осуден за убиство со смртоносно оружје. Тој тврди дека Диди платил 1 милион долари за убиството на Шакур.


Меѓутоа, во 2008 година, Комбс негираше каква било поврзаност со убиството на Тупак, велејќи дека приказната е лажна и смешна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг