Синер e прв финалист во Шангај

Макфакс

12/10/2024

13:34

712

Големина на фонт

а а а

Јаник Синер е првиот финалист на Мастерсот во Шангај.

Италијанецот по вторпат сезонава го победи Чехот Томаш Махач, 33-ти во светот, со 6:4, 7:5 по 103 минути игра.

Со ова тој го обезбеди лидерското место на АТП листата на крајот од оваа година.

Исто како и минатата пролет во Мајами, кога првпат играше со Чехoт, светскиот рекет број еден најде решение и со тоа ја заврши одличната недела на противникот.

Светскиот рекет број еден на тој начин стигна до осминафиналето сезонава и в недела ќе се бори за седмата титула во 2024 година, вкупно 17-та во кариерата.

Не може да се каже дека Махач одигра лошо, напротив играше во свој стил. Погодуваше со сета сила, ризикуваше во ударите, но впечатокот е дека Синер ги добиваше клучните поени и правеше значително помалку грешки.

Сепак, Чехот одлично го започна мечот, веднаш нападна и го изненади Синер со ран брејк, а потоа и со водство од 2:0.

Сепак, тоа не го збуни Синер, кој го задржа темпото на игра и го сврте резултатот во своја полза, 3:2.

Италијанецот имаше и две брејк топки во следниот гем, но не ги искористи, само за да добие нова шанса во самата завршница од сетот.

Во десеттиот гем искористи брејк прилика за водство од 6:4 во мечот по 44 минута.

Италијанецот трпеливо градеше поени во остатокот од мечот и ја чекаше својата прилика.

Махач правеше многу повеќе грешки, но никако не успеваше да добие шанса за брејк.

Додуша, добро се држеше во овој сет, не му дозволи на противникот да добие брејк шанси, но не успеа ни самиот да ги создаде, се до деветтиот гем кога имаше два, но Синер извонредно извлече и стигна до 5. :4.

Махач одговори со 5:5, но Синер не ни трепна, брзо стигна до 6:5 без загубен поен, само за Италијанецот да притисне, стигнувајќи до брејк на крајот и трето мастерс финале во сезоната.

Таму ќе се сретне со победникот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Тејлор Фриц.