Пи Диди е спремен на сѐ за да излезе од затвор: Контроверзниот рапер испратил клучно барање до полиција

Точка

10/10/2024

15:00

1.962

Големина на фонт

а а а

Адвокатскиот тим бара пристап до сè што властите запленија од домовите на раперот во Мајами и Лос Анџелес за време на рацијата.

Контроверзниот рапер и медиумски магнат Шон Комбс, попознат по прекарот Пи Дили само Диди, се подготвува за судење и побара од истражителите да ги предадат сите докази што ги имаат против него.


Тој беше уапсен на 16 септември и оттогаш е во притвор. Тој е обвинет за рекет, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и кривични дела поврзани со проституција.

Според „Мирор“, правниот тим на Диди поднел судски документ со кој бара да им бидат предадени сите докази за да можат „да го разгледаат материјалот пред судењето“.


Во документот се наведува дека Диди продолжува да тврди дека има право на „брзо судење“ и сака да побара судењето да се одржи најдоцна во април или мај 2025 година.

Адвокатскиот тим бара пристап до сè што властите запленија од домовите на раперот во Мајами и Лос Анџелес за време на рацијата. Владата во документот вели дека поседуваат неколку терабајти електронски материјал, вклучувајќи мобилни телефони, лаптопи, таблети и хард дискови.

Полицијата во моментов трага по сите материјални докази кои се одземени кај Диди. Обвинителите ја прегледуваат и деловната евиденција на финансиските институции, телефонските компании, хотелите и авиокомпаниите.


Адвокатите на раперот потврдија дека заплениле и „дополнителни уреди“ на Комбс.

„Владата дури сега почнува да ги прегледува и копира овие електронски уреди, вклучително и оние запленети во март 2024 година. Навременото објавување на овие материјали е од клучно значење за подготовката на одбраната на г-дин Комбс“, рекоа тие во јавното обраќање.


За потсетување, неговиот адвокатски тим двапати бараше кауција за раперот, што беше одбиено бидејќи судијата се плашеше дека тој може да влијае на сведоците. Деновиве адвокатите повторно побараа кауција, а за ослободување на Диди се подготвени да дадат и до 50 милиони долари за да се брани од слобода.



Спонзорирани линкови

Маркетинг