По 14 години чекање, "Red Dead Redemption" доаѓа за на "PC" до крајот на месецот

Точка

09/10/2024

22:02

1.089

Големина на фонт

а а а

Фановите на легендарната игра "Red Dead Redemption" конечно можат да здивнат – по повеќе од една деценија од нејзиното објавување на "Xbox 360" и "PlayStation 3", овој западен класик доаѓа на компјутер.

"Rockstar Games" официјално објави дека "Red Dead Redemption" ќе биде достапен за играчите на "PC" на крајот на октомври, заедно со додатокот "Undead Nightmare", кој воведува елементи на зомби апокалипса во играта.


Оваа верзија на играта, која е развиена во соработка со студиото "Double Eleven", носи голем број функционалности специфични за компјутер, вклучувајќи:

Поддршка за нативна 4K резолуција,

освежување на екранот до 144 Hz на компатибилни уреди,

поддршка за "Ultrawide" (21:9) и "Super Ultrawide" (32:9) монитори,

Поддршка за "HDR10" и целосна функционалност на тастатурата и глувчето,

поддршка за "NVIDIA DLSS 3.7" и "AMD FSR 3.0" технологии за скалирање,

"NVIDIA DLSS Frame Generation", како и за рендерирање и приспособливи поставки за сенки.

Верзијата за компјутер пристигнува со долгоочекуваните подобрувања

Верзијата за компјутер на играта доаѓа повеќе од една година откако "Red Dead Redemption" беше објавен на конзолите "PlayStation 4" и "Switch". Иако таа верзија на почетокот беше критикувана поради високата цена и минималните подобрувања, подоцнежниот "patch" донесе подобрувања. Играта е достапна и на "Xbox Series X/S" преку опцијата "backwards compatibility", со различни подобрувања благодарение на поновиот хардвер.

Во последниве месеци, гејмерите шпекулираа за издавање на верзијата за компјутер поради голем број протекувања кои сугерираа дека "Rockstar" планира лансирање на "Steam".

Иако не е јасно зошто им требаше толку долго за играта да пристигне на компјутер, многумина веруваат дека е подобро подоцна отколку никогаш. Сега останува надежта дека "Rockstar" ќе ја донесе и "Red Dead Revolver" на компјутер, што би ја направило целата серија достапна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг