Прва во светот: Јужна Кореја претстави автономен амфибиски роботски фрлач на ракети

Точка

09/10/2024

20:51

952

Големина на фонт

а а а

Јужнокорејската компанија "Hanwha Aerospace" официјално го претстави предлогот за нов роботизиран амфибиски фрлач на ракети, кој беше најавен на саемот "KADEX".

Овој фрлач ќе биде дизајниран да обезбеди максимална огнена поддршка со минимална работна сила.


Возилото не бара присуство на екипаж и може да истрела повеќе проектили од претходно недостапни области, што ќе се покаже особено корисно за дистрибуирани операции и контранапади. Овој нов ракетен систем ќе тежи околу 17 тони, а ќе може да биде испратен во акција од амфибиски баталјони, но и транспортни бродови. Има напреден систем за стабилизација, кој го компензира движењето на бродовите, за да може да се користи од палубата на бродот и на копно.


Ракетниот систем е една од неколкуте иновативни воени технологии претставени од "Hanwha" на "KADEX", а меѓу нив се и новите верзии на новата самостојна хаубица К9. Тука спаѓаат варијанта со домет од 80 километри, како и помобилна верзија на тркала.


"Hanwha", исто така, ја претстави својата подморница "KSS-III Batch-II", како и беспилотниот команден и контролен брод "Ghost Commander".