Американската актерка Сидни Свини е жената на годината за 2024 според „Гламур“, а тоа е само уште една нејзина титула, по освојувањето на онаа за најсексапилна жена на планетата во моментот.
Таа на социјалните мрежи, веднаш се пофали дека таа ја „краси“ насловната страна на списанието, на којашто се појави во широк, тесен фустан, без чевли во речиси сосем природно издание.
На едната фотографија таа го потенцираше и својот најсилен адут, во тесен, кожен, лакиран комплет со црвена коса, но сепак најголемо внимание привлече со позирањето во кадата исполнета со сапуница, а со цел да ја промовира новата линија на производи за туширање.
Таа е прогласена за неверојатно убава жена поради научни причини – поради симетричниот изглед на лицето и совршените пропорции, а тие идеални пропорции кои ги поседува Сидни Свини, честопати се нарекуваат „златен рез“ (златна пропорција).