Ова се начините на употреба на ацетонот за нокти во домаќинството

Точка

09/10/2024

13:56

1.314

Големина на фонт

а а а

Ацетонот за нокти е вообичаено средство кое честопати го имаме во домаќинството, а со оглед на тоа дека неговата намена е отстранувањето на лакот од ноктите, тоа значи дека може да се употребува и како отстранувач на дамките во домаќинството.

Отстранете го мастилото и трајниот маркер

Ацетонот може да се употребува за отстранување на дамките од мастило и маркери, така што на сува крпа ќе ставите ацетон а потоа ќе триете со крпата врз дамката.


Доколку се работи за поголеми дамки, можеби ќе треба да ја повторите постапката повеќе пати.

Го чисти порцеланот

Ацетонот ќе ги отстрани поголемиот дел од состојките кои можат да ја расипат површината на порцеланот, од шолјите за кафе до кадата. Ацетонот може да ги отстрани дамките од вода, од кафе или бојата за коса од мијалникот, тоалетот или чиниите.


Единствено треба да се внимава ацетонот да не се употребува за чистење на површини направени од растворлива пластика, бидејќи ацетонот може да ги оштети.

Отстранете ја бојата од стаклата

Доколку сте направиле грешка при фарбањето на прозорците или бојата ви капнала на огледало, „грешките“ можете да ги поправите со ацетон.

Ацетонот ставете го на чиста крпа и отстранете ја исушената боја од стаклата.

Каде никогаш не треба да се употребува ацетонот

Ацетонот никогаш немојте да го ставате на дрвени површини бидејќи може да го уништи нивниот сјај. Исто така ацетонот не треба да се употребува за чистење на некои видови пластика, стиропор и електронски уреди.


Со оглед на тоа дека ацетонот е наменет за отстранување на лакот, држете го подалеку од обоени површини, а доколку имате чувствителна кожа секогаш носете ракавици при негова употреба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг