Божиновска ги излажа граѓаните за бугарското државјанство и пасош, вели СДСМ

Макфакс

09/10/2024

09:32

961

Големина на фонт

а а а

„Министерката за енергетика Сања Божиновска ја излажа јавноста. Божиновска тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство и бугарскиот пасош но јавноста преку медиумите во Бугарија дозна дека не само што се уште има бугарско државјанство туку и целото нејзино семејство има бугарско држајанство и пасош“, вели СДСМ.


„Божиновска исто така се уште нема одговорено ниту за долгот на фирмите од 1 милион евра.

Граѓаните не може да имаат доверба во Божиновска кога таа ја крие вистината и ги лаже“, соопшти СДСМ.