Нови казни во оваа европска држава од 1. јануари: Пијаните возачи плаќаат казна или се откажуваат од автомобилот!

Точка

08/10/2024

22:04

3.295

Големина на фонт

а а а

Многу земји го бараат најдобриот начин да се справат со пијаните возачи. Ова може да биде еден од поефикасните.

Странските возачи кои ќе бидат фатени под дејство на алкохол или дрога на белгиските патишта од 1. јануари ќе мора веднаш да платат кауција од 1.260 евра, а оние кои нема да го сторат тоа мора да го остават својот автомобил како депозит.

Странските возачи досега избегнуваа да платат казни, а сега ќе бидат спречени во тоа. Тие 1.260 евра всушност се минималната казна, вклучувајќи ги судските и другите трошоци, за оние кои првпат ќе бидат фатени како возат под дејство на дрога или алкохол.


„Во случај на ослободителна пресуда, сумата ќе биде вратена“, соопшти Министерството за правда, а пренесува белгискиот весник „Het Nieuwsblad“.

Оние кои не можат или не сакаат да ја платат оваа сума, мора да го предадат своето возило на полицијата, која ќе го задржи 96 часа.


Кога ќе помине тој период, а плаќањето сè уште не е извршено, обвинителството може да одлучи да го одземе возилото, а оние што сакаат да си го вратат автомобилот треба да ги платат трошоците за влечење и складирање.

Секој ден, во просек, по десет странски возачи во Белгија се фатени како возат под дејство на алкохол, а статистиката говори за дури десет милиони евра неплатени казни.


Бугарите плаќаат најмалку за казните што ги направиле во Белгија: дури 27 отсто. Следат Шпанците со 30 отсто, Полјаците со 36 отсто.

Инаку, границата на алкохол во Белгија е 0,5 промили за возачи, а 0,2 промили за комерцијални возачи.