Саудијците повеќе не се расфрлаат со пари! Еве колку пари потрошиле оваа година за играчи...

Точка

08/10/2024

20:38

1.625

Големина на фонт

а а а

Саудиската Про лига, рангирана како втора лига со највисока потрошувачка по Премиер лигата во летото 2023 година, падна на шестото место оваа година, зад големите европски лиги со кои има за цел да се натпреварува.

Откако потроши речиси милијарда долари за привлекување ѕвезди во своето скромно фудбалско првенство, Саудиска Арабија оваа година за два пати ја намали сумата за трансфери и сето тоа во позадина на помалите приходи од нафтата, пишува "France Presse". Трансфер парите во саудиските клубови – поттикнати од пристигнувањето на Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Н’Голо Канте, Садио Мане и Нејмар во 2023 година – паднаа од 957 милиони долари на 431 милиони долари за време на последниот преоден рок.

Саудиската про лига, рангирана како второто првенство со најмногу потрошени пари по Премиер лигата во летото 2023 година, падна на шестото место оваа година, зад големите европски лиги со кои има за цел да се натпреварува.

„Мислам дека ја постигнаа својата цел минатата година“, вели истражувачот Џејмс Дорси од Универзитетот во Сингапур.

„Играчите како Роналдо и другите ја привлекуваат јавноста, но прашање е како да се одржи“, додава тој.


Инвестициите не се завршени, но нема да има големи трошоци

Амбициите на саудискиот фудбал, поттикнати од приходите од нафта, потсетуваат на оние од кинеската Суперлига, чии клубови регрутираа играчи со високи плати пред нивните сопственици да банкротираат.

Саудиска Арабија, која планира да биде домаќин на Светското првенство во фудбал во 2034 година и инвестира милијарди долари за да стане деловна и туристичка дестинација пред крајот на нафтената ера, сепак има намера да продолжи да го развива своето локално првенство.

„Постојат попромислени и стратешки начини за справување со предизвикот за стекнување таленти и постои чувство дека Саудијците размислуваат за нив“, рече Сајмон Чадвик, професор по спорт и геополитичка економија на "Skema Business School" во Париз, додавајќи:

„Неверојатните трошоци за регрутирање сè уште не се завршени засекогаш, дури и ако е малку веројатно дека сценариото од 2023 година ќе се повторува редовно.

Падот на трошоците за фудбалот доаѓа во позадина на зголемените буџетски трошоци во кралството, кое е ангажирано во амбициозна програма за реформи која вклучува неколку мега-проекти, и сето тоа во време кога неговите приходи од нафта се намалуваат.


Пазарот падна во криза

Минатиот април, саудискиот министер за финансии рече дека глобалните економски шокови ги принудиле властите да одложат некои од тие проекти. Властите минатиот месец рекоа дека предвидуваат јавен дефицит до 2027 година, додека Фондот за јавни инвестиции, чие огромно портфолио ги вклучува четирите најголеми фудбалски клубови во Саудиска Арабија, издаде обврзници дури четири пати оваа година.

Државниот нафтен гигант Арамко исто така продаде акции во вредност од над 12,3 милијарди долари за да обезбеди краткорочна поддршка за финансиите на земјата, велат експертите. Земјата суспендираше многу проекти оваа година со цел да ја оцени нивната вредност за парите, а скапото ангажирање на познати играчи е долгорочен финансиски товар кој не гарантира успех, особено за репрезентацијата на Саудиска Арабија. Особено што очекуваните комерцијални придобивки, вклучително и телевизиските договори и маркетингот, досега не се остварени, па приоритетите и целите треба да се преоценат.


„Секој спортски проект на почетокот бара многу трошоци“, вели Мохамед Мандур, новинар на веб-страницата "Sportsdata", според кого саудиската Про лига покажува „реализам и рационалност“, барајќи „спонзори и ресурси за клубовите“ особено од странство.

„Годинешното трошење ја одразува зрелоста на лигата и желбата да се пополнат техничките празнини на тимовите“, додава функционер на саудиската лига, кој сакаше да остане анонимен бидејќи не е овластен да разговара со медиумите.

„Кој вели дека секое лето мора да потпишуваме со некој голем играч?“, прашува тој.

Саудиските клубови не се единствените кои ги ограничија своите набавки, богатите премиерлигаш исто така ги преполовија своите трошења на глобално ниво, сумата на трансфери во машкиот фудбал летово падна за 13 отсто во однос на претходната година, на 5,8 милијарди евра, се оценува од ФИФА.

„Ветерот на штедење дува низ фудбалот, одразувајќи ги пошироките економски и политички проблеми ширум светот“, вели Чадвик.




Спонзорирани линкови

Маркетинг