Роман Буртсев (41), русинот – познат како двојникот на холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо, доби повик да се приклучи кон војската на Владимир Путин, откако неговото дебелеење негативно влијаеше врз неговата актерска кариера.
Невработениот актер, којшто стана популарен како двојник на Ди Каприо, забележел дека новите бизнис можности му пропаѓаат поради вишокот килограми.
Пред да стане двојник на Ди Каприо, Буртсев работел како ИТ експерт, а пред да биде испратен во војната, тој живеел со родителите и мачката во изнајмениот стан во Подолск блиску до Москва. Инаку Буртсев е осум години помлад од Ди Каприо.
Со оглед на тоа дека неговата актерска кариера не ги постигнала посакуваните резултати, Буртсев повремено работел на пазар и во железарница, но бидејќи тоа не му било доволно за финансиска стабилност на крајот завршил во војската на Путин.