Фотографот откри како да го поставите "iPhone" за најдобри фотографии

Точка

07/10/2024

22:55

5.971

Големина на фонт

а а а

Професионален фотограф за "Mashable" ги откри идеалните поставки за камерата на најновите генерации на "iPhone". Џо Малдонадо, фотограф кој работи за овој портал, реши на читателите да им открие како да постават својот "iPhone" за идеална фотографија.

„Како е можно вашиот "iPhone 14 Pro" да снима подобро од мојот iPhone 16 Pro Max, го прашала новинарката.

„Се е во поставките“, ѝ откри тој, пренесува "Index.hr".

И што треба да се намести во поставките? Фотографот одговара дека поставките што ги предлага се наоѓаат на "Pro" моделите на поновите генерации на "iPhone" (14 и поновите). Ако имате постари "iPhone"-и, ова нема да ви користи многу.

1. Прво одите до поставките на мобилниот телефон, па таму ја избирате опцијата Камера.


2. Изберете ја опцијата Формати. Таму, проверете дали е означена „High Efficiency“ под „Camera Capture“ и „24 MP“ под "Photo Mode".

Исто така, проверете дали е вклучена опцијата „ProRAW & Resolution Control“. Следно, изберете ја опцијата „Pro Deafault“ и проверете дали има ознака за проверка веднаш до „ProRAW Max (до 48 MP)“, како и до JPEG-XL Lossy (второто е достапно само за iPhone 16 Pro и iPhone 16 Pro Max).


3. Вратете се на опцијата Камера и изберете „Зачувај ги поставките“ таму. Проверете дали се вклучени следните опции: "Camera Mode", "Creative Controls", "Macro Control", "Exposure Adjustment", "Night Mode", "Portrait Zoom", "ProRaw & Resolution Control", "Live Photo".

Ова ќе ви овозможи да ги вклучите сите тие опции секогаш кога ја користите камерата.


4. Вратете се во Камера и проверете дали е вклучена опцијата "Grind", потоа "Level", "Portraits in Photo Mode", "Prioritize Faster Shooting", "Lens Correction" и "Macro Control".