Подготовките за новата сезона на НБА лигата се веќе активни и големите ѕвезди влегуваат во завршна фаза од темпирање на формата, па пријателските натпревари меѓу тимовите веќе носат возбуда кај фановите.
Рано утрово Лос Анџелес Лејкерс загуби од Феникс Санс на натпреварот кој се одигра во Калифорнија, но резултатот остана во сенка на историјата која беше испишана.
LeBron James. Bronny James.
— NBA (@NBA) October 7, 2024
The father-son duo share the court for the first time together! 👏 pic.twitter.com/93hC7k64gK
Иако станува збор само за пресезонски меч, Леброн Џејмс и Брони Џејмс испишаа историја на еден НБА натпревар, бидејќи станаа првите татко и син кои заедно се најдоа на теренот.
Леброн го пропушти првиот меч на Лејкерси во подготовките, но рано утрово беше лидер на тимот и за првпат заигра крај својот син.
History.
— NBA UK (@NBAUK) October 7, 2024
LeBron and Bronny James, the first father-son duo to play together in the NBA 🙌 pic.twitter.com/LYbP92rp5v
Леброн Џејмс и Џејмс Јуниор се најдоа еден крај друг на теренот, а историскиот момент беше одбележан и од страна на НБА.
За 13 минути игра на паркетот, Брони имал само еден обид и тоа бил неуспешен шут за три поени, додека неговиот татко за 16 минути запишал 19 поени, 5 скока и 4 асистенции.