Чиа семето има многу придобивки за нашето здравје. Но, за да се манифестира нeговото благотворно дејство, мора да се земе предвид количината и зачестеноста на конзумирањето на оваа суперхрана.
Луѓето се повеќе се свртуваат кон здравата исхрана, а една од состојките што не треба да се пропушти е чиа семето. Чиа семето има голема количина на хранливи материи кои ни помагаат во повеќе процеси како што се хидратација, контрола на тежината и заштита на кардиоваскуларниот систем.
Покрај тоа, чиа семето е совршена природна замена за некоја помрсна храна која нема да придонесе за нашето здравје. За да го извлечете максимумот од чиа семето, треба да водите сметка за количината и зачестеноста на консумирање на оваа супер храна.
Чиа семето е богато со протеини и многу хранливи материи неопходни за одржување на здравјето. Меѓутоа, доколку го консумирате во прекумерни количини, тоа може да предизвика некои здравствени проблеми. Доволно е да јадете една лажица чиа семе дневно, а оптималната количина зависи и од тежината, возраста, полот и физичката состојба на секој поединец.
Ако чиа семето се користи правилно, придобивките за нашиот организам се повеќекратни. Меѓу сите својства на чиа семето се издвојуваат следните 5 како најважни:
Го подобрува кардиоваскуларниот систем
Eдна од најважните работи за чиа семето е тоа што е богатo со омега-3 масни киселини. Оваа масна киселина помага во намалување на холестеролот и спречување на срцеви заболувања. Од друга страна, го намалува ризикот од дијабетес.
Ги зајакнува коските
Чиа семето содржи многу калциум и магнезиум, што е исклучително важно за здравјето на коските.
Дигестивни придобивки
Обезбедува многу добра поддршка на цревата и сите нивни функции. Покрај тоа, обезбедува одлично чувство на ситост.
Антиоксиданс
Му помага на телото да биде позаштитено и подготвено за закрепнување од болест. Чиа семето го зајакнува целиот организам и го забавува стареењето.
Хидратација
Едно од неговите најважни карактеристики е тоа што чиа семето одлично ја апсорбира водата, па затоа е совршено да се консумира пред тренинг и во топлите летни месеци.