Приведен косовски државјанин: Му нудел поткуп на полициски службеник

Макфакс

04/10/2024

12:09

497

Големина на фонт

а а а

Денеска околу 10.15 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода С.Х.(55) од Косово.

Тој управувал минибус на релација Косово– Грција и кога пристапил на пасошка контрола, поради тоа што немал сертификат за вршење меѓународен превоз на патници, на полицискиот службеник му понудил поткуп.

За случајот бил известен Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север, а лицето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка.