Семејство китови повторно се насукало кај Камчатка: Научниците ги спасиле само неколку часа претходно, причината е трогателна

Точка

04/10/2024

11:32

1.260

Големина на фонт

а а а

Семејство китови убијци повторно се насукало на калливиот брег на Камчатка на далечниот исток на Русија, неколку часа откако научниците им помогнале да се вратат во океанот, соопштено е денес од руското Министерство за вонредни ситуации.

Како што јавува „Reuters“, руските научници и волонтери целиот вчерашен ден полевале со вода два возрасни китови убијци и две младенчиња, кои биле закотвени на полуостровот Камчатка, по што успеале да ги вратат во длабоката вода кога надошла плимата.

Но, во четвртокот, семејството китови повторно се насукало.

„Утрово заминаа од плитките води кон отвореното море. За жал не успеаја да најдат излез од вливот и во текот на осеката повторно се најдоа во плитка вода“, рекол министерот за вонредни ситуации.

Како што пренесува весникот „Известија“, повикувајќи се на неименувани извори, можно е семејството китови да не сакало да влезе во океанот бидејќи еден од нив е повреден и не бил во состојба да оди во длабоките води.




Спонзорирани линкови

Маркетинг