Реал Мадрид вчера беше поразен од Лил (0:1) во натпревар кој „Марка“ го опишува како можеби најлош за „карлскиот клуб“ во последните три години. Првиот човек на клубот, Флорентино Перез, не се симна по неа во соблекувалната на тимот, како што тоа обично го прави по секој натпревар, бидејќи не беше во Франција, но неговата порака беше пренесена.
Наместо него, во друштво на некои други челници беше директорот на клубот, Хозе Анхел Санчез.
„Марка“, пишува дека челниците на Реал „зрачеле со смиреност и самодоверба“, но и дека „почнува да се чувствува загриженост поради доказите дека тимот не функционира“.
„Го допревме дното“, е реченицата која „Марка“ тврди дека се слушнала во соблекувалната на Реал по натпреварот. Се нагласува и дека тренерот на тимот Карло Анчелоти се обидел да го разбуди својот тим, но дека не наишол на позитивна реакција.
„Нешто не е во ред“, продолжува „Марка“, која истакнува дека играчите на Лил истрчале 117,9 километри, седум километри повеќе од играчите на Реал. Покрај разликата, загрижува и квалитетот на трчањето на кое му недостасуваше интензитетот што го бара модерниот фудбал.
„Алармот е вклучен и време е да се реагира. Веќе не се прашање резултатите, во прашање е имиџот на клубот“, се заклучува во текстот.